Организацијата со седиште во Вашингтон рече дека руските трупи се движат пометодично и помалку брзо отколку во претходните фази на војната и дека почнале да донесуваат поразумни воени одлуки.
Руските војници на истокот се судираат со вкопаните украински војници, кои таму ги поставија своите позиции од 2014 година и почетокот на конфликтот во источна Украина.
Но поблиску до Харков на североисток, Русите се соочуваат со помал отпор бидејќи украинските позиции таму беа поставени откако инвазијата веќе почна.
Според Институтот за војна, борбите продолжуваат во јужниот град Мариупол. Се додава дека освен упориштето на фабриката Азовстал, Украинците „веројатно сѐ уште држат важни позиции надвор од самата фабрика“.
Во меѓувреме, руските напади во Молдавија продолжуваат со цел за тоа да се обвини Украина, вели Институтот за војна и додава дека експлозиите би можеле да бидат обид проруските трупи во регионот на Придњестровје да се вовлечат во конфликт.






