сабота, 3 јануари 2026

Русите: Најдовме 26 тела во болница во Мариупол, Азов ги убил со гранати

Објавено на

часот

Сподели

„Вкупно 26 тела на цивили се пронајдени на површина од осум метри во зградата на медицинската установа. Ова се жртвите на жестокото гранатирање извршено од националистичкиот баталјон Азов“, рече портпаролот на проруските сепаратисти на Телеграм.

РИА тврди дека во Мариупол има „работна група од воени експерти и вработени во Рускиот истражен комитет што ги документираат последиците од агресијата на украинските сили врз цивили и цивилни објекти во Мариупол“.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Руските извори не објаснуваат зошто Азов или која било друга единица на украинската армија би го гранатирала Мариупол, град што беше целосно уништен во неколкунеделните брутални напади на руските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ