понеделник, 8 декември 2025

Русите им кажале на Американците дека не планираат да ја нападнат Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Има кажавме на колегите дека немаме план, немаме намера да ја нападнеме, во наводници, Украина“, кажа Сергеј Рјабков, заменикот руски министер за надворешни работи, додавајќи дека нема никаква причина да се стравува од ескалација на ситуацијата на тој план.

САД, пак, порачале дека Москва ќе се соочи со последици доколку реши да ја нападне Украина, пренесуваат агенциите. Заменичката на американскиот државен секретар Венди Шерман им кажа на новинарите дека му порачала на својот руски колега дека евентуална инвазија на Украина би довела до значителни, енормни последици.

Таа порача и дека Вашингтон нема намера да преговара за Украина без учество на Киев, како ни за деталната безбедносна структура на Европа без Европејците.

Рјабков по преговорите со Шерман изрази задоволство од сериозноста со која американската страна ги прифатила руските барања за безбедноста, пред сè правните гаранции дека НАТО повеќе нема да се шири, главно на поранешните советски земји сега свртени кон Западот, главно однесувајќи се на Украина и Грузија.

„Имаме впечаток дека американската страна сериозно ги сфати руските предлози“, кажа тој по тешките и долги разговори.

Вашингтон ја предупреди Москва дека политиката на отворени врати на НАТО ќе продолжи и покрај руските барања, им кажа Шерман на новинарите.

Според рускиот преговарач, „состојбата не е безнадежна“ иако тензиите меѓу Русија и Западот со недели се влошува, особено околу разместувањето на десетици илјади руски војници на украинската граница. Но, оцени, не треба да се потценува опасноста од ескалација на конфликтот.

„Ги повикуваме САД да покажат најголема можна одговорност“, истакна Рјабков.

„Потребно е големо придвижување, треба да се направи исчекор кон Русија и тој мора да дојде од НАТО“, кажа тој, истакнувајќи дека Украина никогаш не треба да влезе во западниот воен пакт.

Според него, отстапките кон Русија мора да се направат брзо и преговарачкиот процес не смее да трае со месеци и години. Преговорите меѓу САД и Русија во Женева на кои се разговарало за тензиите околу Украина траеле речиси осум часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ