среда, 1 април 2026

Русите ги обвинуваат Украинците за нов напад на руска територија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вјачеслав Гладков на својот канал на Телеграм рече дека пожарот, кој избувнал утрово, бил предизвикан од воздушни напади од два украински хеликоптери.

Тој претходно изјави дека две лица се повредени, но не се во животна опасност. Жителите на околните улици биле евакуирани додека пожарникарите го гаснеле огнот, рече тој.

Ова се нови обвинувања од руска страна кон Украинците за напад на територијата на Русија.

Русија пред два дена ја обвини Украина за напад врз складиште за оружје во истиот град. Белгород се наоѓа северно од границата со Украина.

Украина не ја презеде одговорноста за ниту една од експлозиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ