понеделник, 30 март 2026

Русија за 10 дена ги претекна Иран и Северна Кореја по бројот на казни

Објавено на

часот

Сподели

Таа го надмина Иран, кој во текот на една деценија се соочи со 3.616 санкции, најмногу поради неговата нуклеарна програма и поддршката за тероризмот.

Пред Путиновата инвазија во Украина, Русија беше на второ место со 2.754 санкции. „Ова е финансиска нуклеарна војна и најголемиот настан поврзан со санкции во историјата“, рече Питер Пјатетски, поранешен функционер на американското Министерство за финансии во администрациите на Барак Обама и Доналд Трамп и еден од основачите на Кастелум.аи. „За помалку од две недели, Русија од дел од глобалната економија стана најголемата поединечна мета на глобалните санкции и финансиски отпадник“, додаде тој.

Путин во текот на викендот рече дека налетот на санкциите е еднаков на објавување војна.

По Русија и Иран, земји со најмногу санкции се Сирија, Северна Кореја, Венецуела, Мјанмар и Куба.

Мерките вклучуваат казни против поединци, компании, па дури и ограничувања на јахти и авиони. Многу од американските санкции против Русија пред војната во Украина беа воведени поради мешање во претседателските избори во 2016 година и напади врз политички неистомисленици во Русија и во странство.

Најмногу казни воведе Швајцарија

Огромното мнозинство санкции против Русија од 22 февруари се против физички лица - 2.453, според Кастелум.аи, а 366 се против ентитети, кои претежно се компании или владини агенции. Земјата што вовела најмногу санкции кон Русија е Швајцарија, со 568 мерки, наспроти 518 воведени од Европската Унија и 512 од Франција. САД вовеле 243 казнени акции.

Европските земји, кои традиционално повеќе не сакаат да воведуваат казнени мерки, ја предводат акцијата и во некои случаи ги надминаа САД. Високи функционери велат дека еден пример е одлуката да се исфрлат некои руски банки од меѓународниот финансиски систем СВИФТ. „Ова секако е најзначајната кампања за санкции во историјата“, рече Едвард Фишман, кој учествуваше во раководењето на канцеларијата за санкции на Стејт департментот во администрацијата на Обама. „Со секоја нова ескалација на агресивното однесување на Москва, сѐ повеќе луѓе беа свесни дека продуктивните односи со Русија ќе бидат предизвик сѐ додека Путин е на власт.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ