понеделник, 30 март 2026

Русија воведе казни за оние кои „шират лаги“ за руската војска во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Законот, усвоен од Думата во третото и последно читање, воведува парични и затворски казни за оние кои, како што е наведено во законот, намерно ширеле лажни информации за вооружените сили бидејќи тие информации имаат сериозно влијание, се наведува во соопштението на Долниот дом.

За оние што ќе се утврди дека го прекршиле новиот закон со ширење на таканаречени лажни информации за акциите на руските вооружени сили во Украина се соочуваат со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубли (од околу 6.600 до 14.200 долари) и затворска казна до три години, пренесе Тасс.

Оние што шират такви информации користејќи ја својата службена положба или користат „лажни докази“, ќе добијат затворска казна од пет до десет години. Доколку овие информации доведат до „посериозни последици“, на сторителите им се заканува затворска казна до 15 години.

Претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин истакна дека овие закони се потребни „за граѓаните да добиваат објективни информации“ за да се заштитат граѓаните и земјата од лаги, кои првенствено произлегуваат од информативни извори кои се под влијание од странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ