понеделник, 30 март 2026

Русија вели дека бомбардирањето на детската болница е „инсценирано од Украина“

Објавено на

часот

Сподели

Руската армија денеска тврди дека нападот врз детската болница во југоисточното украинско пристаниште Мариупол, во кој загинаа тројца, меѓу кои и шестгодишно дете, и предизвика глобален гнев, е „инсценирана провокација“ од Украина.

Министерството соопшти дека Русија вчера не вршела воздушни напади врз копнени цели во областа, почитувајќи го договорениот „режим на тишина“, пренесува Ројтерс.

„Руската авијација не изврши апсолутно никакви мисии за да гаѓа цели на земја во областа Мариупол“, рече портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

„Постојано велиме дека медицинските установи во Мариупол, вклучително и болницата бр. 3, кон крајот на февруари ги прекинаа вообичаените операции“, нагласи Игор Конашенков.

„Воздушниот напад што наводно се случил е целосно инсценирана провокација за одржување на антируската страст кај западната публика“, рече тој.

Според портпаролот, поради поволната локација во близина на центарот на градот, болницата била реорганизирана како истурена станица на националистичкиот баталјон Азов. Според неговите зборови, така кажувале луѓето што побегнале од градот, и во Киев и во Доњецк.

Тој истакна дека судејќи според фотографиите од територијата на болницата, имало две намерни експлозии: една подземна и една послаба експлозија со кои била погодена зградата. „Сликата на оштетената зграда може да ја доведе во заблуда непрофесионалната публика во Европа и во САД, кои беа цел на оваа лажна вест. Но не и експертите. Од една авијациска бомба немаше да остане ништо од надворешните ѕидови на зградата“, истакна тој, пренесе ТАСС.

Нападот врз породилиштето резултираше со три смртни случаи, вклучително и едно дете, според градоначалникот на градот, а 17 лица се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ