недела, 15 март 2026

Русија утре одржува голема вежба на нуклеарните сили, ќе ја надгледува Путин

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека вежбите се дел од редовната обука и негираше дека се знак за ескалација на кризата. Вежбите се одржуваат по низата маневри на руските оружени сили во последните четири месеци кои вклучуваат распоредување, според западните проценки, на околу 150.000 војници долж границата со Украина.

Руското министерство за одбрана кажа дека вежбата ќе ја тестира спремноста на воената команда и контролата, борбените групи, воените бродови и носачите на стратегиски проектили, како и состојбата на стратегиското нуклеарно и конвенционално оружје.

Ќе учествуваат Руските аеронаутички сили, Јужниот воен округ, Стратегиските проектили, Северната и Црноморската флота.

Руските стратегиски ракетни сили имаат 50.000 луѓе од вкупно активни 900.000 војници, според податоците на Меѓународниот институт за стратегиски студии објавени неделава во годишниот извештај Воена рамнотежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ