Русите објавија дека четири лансери С-300, скриени во хангари во предградие на Дњепар, се уништени со проектили „калибр“ испукани од море. Објавија и снимка на наводниот напад. Руското министерство за одбрана не објави која европска земја ѝ ги испратила на Украина системите С-300, но наведе дека во нападот се убиени 25 украински војници.
Русите тврдат дека уништиле и два магацини за муниција во близина на Миколаево и Жовтнево и собориле два украински авиони Су-25 во близина ан Изјум.
Наведено е дека собориле украински воен хеликоптер во близина на Херсон и дека со прецизни удари со проектили уништиле погон за поправка на воена опрема во Велика Новоселовка.
[video:https://youtu.be/kwghd_pBy5g autoplay:0]„Од почетокот на специјалната воена операција уништивме 129 авиони, 243 системи за противвоздушна одбрана, 441 дрон, 2.079 тенкови и останати оклопни возила, 239 повеќецевни фрлачи на ракети, 909 топови и минофрлачи и 2.003 специјални воени возила“, објави руското министерство за одбрана.
Тврдењата на руската страна не се независно потврдени.






