сабота, 14 март 2026

Русија: Светот не може да си дозволи да ја изгуби нашата нафта

Кремљ изјави дека глобалниот енергетски пазар не може да функционира без руска нафта, откако САД ги ублажија ограничувањата за купување на одредени руски нафтени производи поради нарушувањата на пазарот предизвикани од војната со Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата е јасна. Меѓународната енергетска инфраструктура не може да си дозволи да изгуби големи количини руска нафта“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна новинска агенција ТАСС.

Тој додаде дека на глобалниот пазар му е потребна руска нафта и дека нејзиното враќање на пазарот носи поголема стабилност. „Оваа руска нафта е потребна, а сега, кога дел од неа почнува повторно да влегува на енергетските пазари, се појавува поголема стабилност“, рече Песков.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во четврток издаде нова дозвола со која им се дозволува на одредени земји да купуваат одредени руски нафтени производи.

Истиот ден, цените на суровата нафта се затворија со цена над 100 долари за барел (околу 92 евра) за прв пат од август 2022 година, додека војната со Иран продолжува да ги потресува глобалните енергетски пазари. Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше одлуката на САД, нарекувајќи ја „погрешна“. Тој рече дека сака да се осигури дека Русија „нема да ја искористи војната со Иран за да ја ослабне Украина“.

Војната меѓу САД, Израел и Иран влезе во втората недела и веќе има сериозни последици за глобалниот пазар на нафта.

Сообраќајот на танкери низ Ормускиот теснец – низ кој минува околу една петтина од светската трговија со нафта – практично е запрен поради безбедносни ризици. Цените на нафтата нагло пораснаа, а аналитичарите предупредуваат дека дури и брзото завршување на конфликтот не мора нужно да значи брзо повторно отворање на клучниот поморски пат за глобалната енергетса трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ