недела, 15 март 2026

Русија „спремна“ за преговори со Блинкен, ЕУ попладнево ќе одлучи за санкции

Објавено на

часот

Сподели

„Дури и во најтешките времиња ние велиме дека сме подготвени за преговори и затоа нашиот став остана ист“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ден откако Москва ги призна проруските украински сепаратистички региони.

Таа додаде дека Русија секогаш е посветена на дипломатско решавање на кризата.

Во исто време, Европската Унија „попладнево“ ќе одлучи какви санкции да воведе кон Русија, изјави денеска за новинарите високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој рече дека свикал итен неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ со цел да се разговара за европскиот одговор на постапките на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ