Руските сили уништиле и центар за поправка на балистички проектили „точка У“ во градот Дњепар, соопшти министерството.
Украина соопшти дека во рускиот ракетен напад во Лавов загинале седум лица и дека се тоа првите цивилни жртви во тој град.
Максим Козицки, гувернерот на Лавов, кој се наоѓа на 60 километри од полската граница, кажа дека првите извештаи сугерираат дека имало четири удари, три на магацини кои војската не ги користела и еден на куќа во која имало сервис за автомобили.
„Беше тоа варварски удар на работилница за поправки, тоа е целосно цивилен објект“, кажа тој на конференција за медиумите.
Андреј Садовој, градоначалникот на Лавов, кажа дека најмладата жртва меѓу загинатите е стара 30 години. Во експлозиите се ранети 11 лица и искршени се прозорците на хотел во кој се сместени Украинци евакуирани од други делови на земјата.






