Нападот со ракетниот систем е извршен во петокот, изјави Конашенков.
Целта беше „големо подземно складиште со проектили и воздухопловна муниција на украинските сили“ во селото Делијатин, додаде тој.
„Кинжал“, што на англиски значи „бодеж“, руските сили тврдат дека за прв пат е употребен од страна на нивната војска од почетокот на украинскиот конфликт на 24 февруари.
Станува збор за балистички ракети кои можат да летаат во горниот дел од атмосферата пет пати побрзо од брзината на звукот. Способни се да целат на оддалеченост од повеќе од 2.000 километри и може да ги совладаат сите постоечки системи за воздушна и ракетна одбрана.






