Објавата дојде на 70-тиот ден од воената акција на Москва во прозападната земја, со илјадници убиени и повеќе од 13 милиони раселени.
По испраќањето војници во Украина кон крајот на февруари, рускиот претседател Владимир Путин упати речиси директни закани за подготвеноста на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје, пренесува Москва тајмс.
За време на воените игри во средата, Русија вежбаше „електронско лансирање“ на мобилни балистички ракетни системи „искандер“, со капацитет за нуклеарно оружје, во близина на границите на Русија со членките на ЕУ, Литванија и Полска, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Според соопштението, руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели што имитирале ракетни системи, аеродроми, одбранета инфраструктура, воена опрема и командни пунктови.
Вклучените единици, исто така, вежбале „акции во услови на радијација и хемиска контаминација“.
Во вежбите учествувале повеќе од 100 војници.
Русија ги стави нуклеарните сили во состојба на готовност веднаш по почетокот на инвазијата на Украина.
Путин предупреди на „молскавична“ одмазда доколку Западот директно интервенира во конфликтот во Украина.
Во последните денови, руските државни медиуми се обидоа да ја направат употребата на нуклеарно оружје попријатна за јавноста, вели Москва тајмс.
„Веќе две недели слушаме од нашите телевизиски екрани дека треба да се отворат нуклеарни силоси“, изјави во вторникот уредникот на руски весник и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитри Муратов.






