Таа рече дека Западот „го користи“ украинскиот претседател Володимир Зеленски и му порача на Западот „да престане да го искушува трпението на Русија“. Покрај тоа, таа се закани со руски напади врз западните функционери кои ја посетуваат Украина.
„Таквата агресија врз Русија не може да остане без одговор. Сакаме Киев и главните градови на западните земји сериозно да ја сфатат изјавата на руското Министерство за одбрана дека натамошните провокации, со кои се повикува Украина на напади на територијата на Русија ќе наидат на жесток одговор“, рече Захарова.
„Западните функционери кои ги посетуваат украинските центри за одлучување нема нужно да бидат проблем за руските мерки за одговор. Ве советуваме да не го искушувате нашето трпение“, рече Захарова.
Таа го цитираше британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хепи, велејќи дека неговите зборови сугерираат дека е „совршено легитимно“ Украина да ги напаѓа руските логистички цели на територијата на Русија, додавајќи дека тие зборови во Киев се гледаат како повик за акција.
„Со други зборови, тој практично го повика Киев на руска територија да употреби оружје кое на Украина ѝ е испратено од членките на НАТО “, рече Захарова.






