сабота, 31 јануари 2026

Русија се одмаздува, го забранува Дојче веле

Објавено на

часот

Сподели

На германскиот државен сервис ќе му биде забрането и емитување во Русија преку сателит или некои други канали, се додава во соопштението. На сите новинари во руската канцеларија на ДВ ќе им бидат одземени новинарските акредитации, пишува РТ.

Руските власти, исто така, покренаа постапка за вклучување на ДВ во листата на „медиуми кои дејствуваат во име на странски агент“ според рускиот закон за „странски агенти“.

Германската Канцеларија за радиодифузија вчера го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот медиум РТ во Германија, на што руските власти се заканија со одмазда.

„Нема дозвола за емитување на оваа програма во Германија, ниту пак досега било поднесено барање за емитување“, се вели во соопштението на комисијата за контрола и издавање дозволи за јавно емитување на радио и ТВ програми во Германија.

РТ (поранешна Раша тудеј) во Германија досега се емитуваше преку неколку канали, вклучително и преку интернет и сателити. РТ се повика на лиценцата за емитување во Европа издадена на оваа програма од властите во Србија. Германската Канцеларија за радиодифузија дојде до заклучок дека РТ нема дозвола која би го оправдала емитувањето на подрачјето на Европската унија.

Во меѓувреме, програмата на германски на РТ е отстранета од каналот Јутјуб, како и од сателитската програма Еутелсат.

Русија повеќепати ги предупреди германските власти дека го смета за „неприфатлив“ секој „политички мотивиран притисок“ врз московската телевизија, пишува РТ.

„Одлуката на германскиот медиумски регулатор јасно покажува дека не одговори на загриженоста изразена од Русија“, соопшти вчера руското министерство за надворешни работи, додавајќи дека нема друг избор освен да преземе „реципрочни мерки“ против германските медиуми во Русија и интернет платформите кои ги избришале профилите на РТ ДЕ „од произволни и неосновани причини“.

Некои од условите за издавање дозвола за емитирање во Германија се непристрасност и независност од државни институции или политички партии. Сепак, набљудувачите сметаат дека Раша тудеј, т.е. РТ, е под директно влијание на рускиот државен врв, кој го користи овој канал за пропагандни цели.

Раша тудеј во минатото ширеше непроверени приказни, како оние за нападите на мигранти врз германско население, со цел намерно да ѝ се наштети на поранешната канцеларка Ангела Меркел, која се залагаше за либерална политика кон бегалците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ