Во извештаите се наведува дека паднал градот Кремина (во регионот Луганск), со тешки борби на југот на градот Изјум, додека руските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Славјанск и Краматорск.
„Украинските сили подготвуваа одбрана во Запорожје за потенцијален руски напад од југ“, се додава во редовниот билтен.
Ројтерс не можел веднаш да го потврди извештајот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата на земјата погодила над 90 воени цели во Украина во текот на ноќта и дека во таа прилика загинале најмалку 500 украински војници, како и дека се уништени десетици оклопни возила, артилерија и друга воена опрема, пренесува Ројтерс.
Се додава дека биле погодени две складишта за муниција во источниот украински регион Харков.






