Разговорите меѓу руските и американските дипломати официјално почнуваат утре во Женева, со цел смирување на тензиите околу Украина.
Но, заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, кажа дека Москва не е оптимистична околу преговорите и не планира да попушти во кој било поглед од своите барања.






