Беше посочено дека овој чекор (протерување руски дипломати) „предизвикува сериозна штета на руско-француските односи и конструктивната билатерална соработка“, соопшти МНР. Претставниците на амбасадата имаат рок од две недели да ја напуштат Русија.
Претходно од Париз беа протерани 41 руски дипломат.
Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека како одговор на протерувањето на 30 руски дипломати од почетокот на април, Москва одлучила да прогласи 24 италијански дипломати за персона нон грата.
Италијанскиот премиер Марио Драги го нарече „непријателски гест“ протерувањето на неговите дипломати од Москва.
Беше објавено и дека се протерани 27 шпански дипломати.






