четврток, 11 декември 2025

Русија префрла „сухои“ во Белорусија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Екипажите на повеќенаменските ловци Су-35С од Источниот воен округ, вклучени во проверката на силите за реагирање, продолжуваат со префрлање на аеродроми во Белорусија. За време на летот, екипажите вршат меѓуслетувања на аеродроми од Централниот и Западниот воен округ за да се подготват за следниот лет и да се одморат“, соопшти руското министерство.

По пристигнувањето во соседната држава, ловците ќе стапат на борбено дежурство во рамки на проверката на функционирањето на единствениот систем на противвоздушната одбрана. Рутите на „сухоите“ се составени со минимум меѓуслетувања и со земање предвид на временските услови долж целата рута.

Проверката на силите за реагирање ќе се одвива во две фази.

Првата фаза ќе трае до 9 февруари и во неа е планирана реализација на задачи за формирање воени групи во краток временски период, организирање одбрана на државни и воени објекти, државните граници во воздушниот простор и тоа во рамки на единствениот регионален ПВО систем на Русија и Белорусија.

Ќе биде извршена проверка на готовноста на силите на ПВО за задачи на заштита на важни објекти на територијата на Белорусија. За време на втората фаза од 10-20 февруари ќе биде одржана заедничката вежба Сојузничка решителност 2022.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ