Москва не наведе за какви точно последици станува збор. Русија неодамна се закани со „ребаланс на ситуацијата“ во случај Финска и Шведска да влезат во НАТО. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно се закани со „политички и воени последици“ ако двете земји се приклучат на воениот пакт.
#BREAKING Russia warns of unspecified ‘consequences’ if Finland, Sweden join NATO: foreign ministry pic.twitter.com/qKItwLBdKF
— AFP News Agency (@AFP) April 15, 2022
Финската министерка за европски прашања денес кажа дека Финска „многу веројатно“ ќе се пријави за членство во НАТО, па додаде: „Изгледа дека народот во Финска донесе одлука“.
Шведскиот весник Дагбладет вчера објави дека Шведска ќе се пријави за членство во НАТО.
Целта на шведската премиерка Магдалене Андерсон е земјата уште оваа година да стане членка на НАТО, соопштиле упатени извори за Дагбладет. Шведска би требало да крајот на јуни оваа година да се пријави за членство во воениот пакт предводен од Вашингтон, објави весникот.






