„Руските единици ќе се повлечат на безбедна оддалеченост во 13 часот по локално време“, се наведува во соопштението на руското министерство.
Украински воени единици и паравоени групи со недели се под опсада и се заробени во челичарницата, последниот дел од Мариупол кој не е под руска контрола. Киев тврди дека во бункерите под фабриката има цивили.






