сабота, 28 февруари 2026

Русија остро го осуди нападот: Вашингтон и Тел Авив се виновни за хаосот, целта е уништување на Иран

Руското Министерство за надворешни работи денес нагласи дека одговорноста за сите негативни последици од агресијата против Иран е целосно на САД и Израел, кои, како што се наведува, се стремат да го уништат иранското раководство.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Вашингтон и Тел Авив повторно започнаа опасна авантура која го приближува регионот кон хуманитарна, економска и можеби, радиолошка катастрофа“, се наведува во коментар на веб-страницата на руското Министерство.

Намерите на агресорите, додаваат тие, се јасно декларирани: да го уништат уставниот поредок и да го елиминираат раководството на државата кое одбива да се покори на насилниот диктат и хегемонија.

Руското министерство нагласи дека „одговорноста за негативните последици од вештачки создадената криза, вклучувајќи ја непредвидливата верижна реакција и ескалацијата на насилството, е целосно врз нив“.

Во друго соопштение, руското Министерство за надворешни работи предупреди дека САД и Израел „го туркаат Блискиот Исток во вртлог на неконтролирана ескалација, охрабрувајќи ги земјите во регионот да се вооружат со сè помоќни средства“.

„Тие не можат а да не разберат дека со тоа што го водат Блискиот Исток во вртлог на неконтролирана ескалација, практично ги охрабруваат земјите ширум светот, особено во регионот, да се опремат со сè посериозни средства за справување со растечките закани“, се вели во соопштението на руското Министерство.

САД и Израел денес извршија серија напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и главниот град Техеран, предизвикувајќи материјална штета и цивилни жртви. Иран одговори со ракетни напади врз израелска територија, како и врз американски воени објекти во регионот на Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ