Конашенко тврди дека руската армија соборила пет украински авиони, еден хеликоптер и пет беспилотни летала, пренесува Интерфакс.
Тој изјави дека повеќе од 150 украински војници се предале и дека сега од нив се бара да потпишат дека нема да учествуваат во конфликтот и тие наскоро ќе бидат со своите семејства.
Откако утрово украинската нуклеарна агенција соопшти дека во Чернобил е забележано зголемено ниво на радијација, руското Министерство за одбрана рече дека нивото на радијација во регионот околу централата во Чернобил е во нормални граници, велејќи дека ќе ангажираат падобранци да ја чуваат локацијата.
Руските власти соопштија дека седум станбени згради во јужниот регион Белогород биле оштетени од гранатирање на украинските сили, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на РИА Новости.






