Министерството не објави детали од разговорите, кои се одржаа во светло на загриженост на двете земји околу плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на штит за воздушна одбрана наречен Златна купола и неговата намера да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје по повеќе од 30 години.
„Беше одржан детален разговор, вклучувајќи заедничка анализа на релевантните дестабилизирачки фактори кои создаваат стратешки ризици за глобалната и регионалната безбедност и размена на мислења за тоа како да се минимизираат“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Трамп изјави дека сака да постигне договор со Русија и Кина за „денуклеаризација“, но Пекинг ги отфрли напорите на Вашингтон да започне дијалог за нуклеарното оружје. Кина брзо развива нуклеарно оружје, но нема интерес за преговори со Русија и САД, чии арсенали се многу поголеми.
Последниот преостанат договор меѓу Русија и САД што го ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави од двете страни истекува во февруари. Трамп сè уште не одговорил официјално на предлогот на Москва да го продолжи за една година, за да можат да започнат разговори за негова замена.






