недела, 1 февруари 2026

Русија објави снимки од повлекување на тенкови, „срам за западната пропаганда“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руската новинска агенција Интерфакс го цитираше министерството дека иако продолжуваат големите вежби низ земјата, некои единици од јужниот и западниот воен округ ги завршија своите вежби и почнаа да се враќаат во базата. Министерството за одбрана објави и видео како тенковите, како што тврдат, се враќаат во базите.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=cYAURj7tPSI autoplay:0] [video:https://www.youtube.com/watch?v=eqM23XFc68w autoplay:0]

Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на својата Фејсбук страница објави:

„15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како денот на пропаста на западната пропагандна војна. Тие се засрамени и уништени без да се испука ниту еден куршум.“

[media file=”/files/article/2022/02/15/0-02-05-4278ad561ea6fae6d72d9d1d450f475ae302d082075bdc384ee9232014c0478c9287712b78190745.mp4″]

Кремљ потврди дека почнал со повлекување на војниците распоредени долж границата со Украина, што е „нормален процес“, и повторно ја осуди западната „хистерија“ со предупредување за скорашна руска инвазија на Украина.

„Од почетокот велевме дека по завршувањето на воените вежби (…), војската ќе биде вратена во касарните. Токму тоа се случува сега, тоа е вообичаен процес“, изјави за новинарите портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.

Неименувани американски официјални лица минатата недела им велеа на новинарите дека руската инвазија би можела да се случи „уште денес“.

Британската министерка за надворешни работи, пак, утрово рече дека Русија мора да ги отстрани сите свои војници собрани во близина на границата со Украина.

„Русите тврдат дека немаат планови за инвазија, но ќе мора да видиме целосно отстранување на војниците за да се докаже дека е вистина“, изјави Лиз Трус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ