среда, 1 април 2026

Русија објави снимка од уривање на украински дрон „барјактар“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Целта е уништена со две ракети од бродскиот противвоздушен систем „штил““, објави руската војска и додаде дека украинскиот дрон бил во извидувачка мисија на дејствата на руските бродови и позициите на руската војска на Крим и на југот на Украина.

На снимката објавена од руското министерство за одбрана прикажано е лансирањето на проектилот од рускиот брод, но не се гледа моментот на уривањето на украинскиот дрон.

Украина од првиот ден на војната користи турски дронови од типот „барјактар ТБ2“, за кои украинските воени функционери тврдат дека неколку пати успешно дејствувале против руската војска. Во првите денови на војната, на социјалните мрежи се ширеа бројни снимки од дронови во акција против руските сили.

Украина овие дронови, кои Турција ги смета за гордост на својата воена индустрија, ги набави во 2019 година, но не е сосема јасно колку. Се спомнуваат бројки од 20 до 50, додека од друга страна Русија во неодамнешен извештај наведе, меѓу другото, дека уништила 35 од 26 дронови „барјактар“ колку што тврдат дека украинската војска има.

Според тврдењата на Фајненшал тајмс од 12 март, две недели по почетокот на инвазијата, воената соработка на Турција и Украина е продолжена, но не како донација туку како комерцијална соработка со компанијата која ги произведува дроновите, а чиј коосновач е зетот на Ердоган.

„Ова не е помош на Турција. Тоа е производ кој Украина го купи од компанија во Турција“, кажа заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран за Дејли сабах, фалејќи ги дронови кои „ја менуваат играта“.

„Фактот што нашиот дрон стана еден од главните елементи на украинската војска всушност го покажува успехот и квалитетот на производот кој го произведува наша компанија“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ