„Единиците од јужната воена област ги завршија своите тактички воени вежби на полуостровот Крим и се враќаат со железница во своите бази“, соопшти руското министерство за одбрана.
Руските телевизии прикажаа ноќни снимки од долг воз кој пренесува оклопни возила како го минуваат мостот преку Керченскиот теснец, кој Русија го изгради за да го поврзе Крим со руското копно.
[video:https://youtu.be/_6hz7yJfG6o autoplay:0]Москва вчера објави делумно повлекување на своите војници распоредени во последните недели на границата со Украина, како знак на смирување по двата месеци западна паника за непосредна инвазија на Украина.
Европејците и Американците сè уште чекаат докази за поголемо руско повлекување, иако истовремено изразуваат внимателен оптимизам. Русија не прецизираше од колкав обем ќе биде повлекувањето и кога ќе се спроведе.






