понеделник, 30 март 2026

Русија: Нема позитивен развој по разговорите со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Тие предупредија дека не очекуваат следната рунда да го донесе конечниот резултат, пренесе Ројтерс.

„Разговорите не се лесни, рано е да се зборува за нешто позитивно“, изјави преговарачот Владимир Медински.

„Се надевам дека следниот пат ќе можеме да направиме поголем исчекор“, рече тој.

Претходно, веднаш по завршувањето на преговорите, членот на украинската делегација Михаило Подољак изјави дека има „мали, позитивни промени и предлози за подобрување на логистиката за хуманитарните коридори“.

Во меѓувреме, осум украински војници загинаа, а 19 се ранети откако руска ракета ја погоди нивната касарна во јужниот град Николаев додека спиеле, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ