„Ентони Блинкен се согласи дека постојат причини за продолжување на дијалогот (за руската безбедност). Ќе видиме што ќе се случи“, кажа Лавров на руска телевизија по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар.
Рускиот министер за надворешни работи не кажа ништо за Украина додека Вашингтон ја обвинува Москва дека подготвува инвазија на таа земја и бара повлекување на трупите од границата.
Лавров кажа дека за Москва и понатаму главното прашање е тоа што Западот не го признава принципот на „неделивост на безбедноста“ според кој ниедна земја не смее да ја јакне својата безбедност на сметка на друга.
Москва смета дека Западот го прави токму тоа со своето постојано ширење на воениот пакт кој ѝ се заканува на Русија.
„Денес му кажав на Ентони Блинкен дека нема да дозволиме тоа прашање да се премолчи. Ќе настојуваме на искрен и отворен разговор“, кажа Лавров.






