петок, 12 декември 2025

Русија наскоро ќе им одговори на САД и НАТО за безбедносните прашања

Објавено на

часот

Сподели

Москва побара од Вашингтон и НАТО гаранции дека Алијансата нема никогаш да ја прими во своето членство Украина, што тие го одбија, па испратија свои предлози до Русија. Шојгу го повика Западот да престане да ја снабдува Украина со оружје и порача дека Русија не е единствената виновна за растот на тензиите во Европа.

Тој побара објаснување зошто Лондон испраќа специјални сили во Украина. Исто така, како што пренесува РИА Новости, му кажал на Волис дека неговото министерство е спремно да размисли за продолжување на соработката со Британија околу воените прашања. Волис разговорот го нарече „конструктивен и искрен“, наведува Ројтерс.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара сите членки од воениот пакт да одговорат како го сфаќаат принципот на „неделива безбедност“ и очекува поединечен одговор од секоја држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ