понеделник, 30 март 2026

Русија најави прекин на активностите на Фејсбук и Инстаграм ако се точни наводите за повици на насилство

Објавено на

часот

Сподели

Москва ќе ги прекине активностите на компанијата Мета платформс, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, ако се покаже дека е вистинит извештајот на Ројтерс дека на своите корисници во некои земји ќе им дозволи да повикуваат на насилство над Русите и руските војници, порача денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Не сакаме да веруваме во извештајот на Ројтерс – во тоа е едноставно премногу тешко да се поверува“, им кажа Песков на новинарите.

„Се надеваме дека тоа не е точно, бидејќи ако е точно ќе мораме да преземеме најрешителни мерки за прекин на активностите на оваа компанија“, кажа Песков.

Тој наведе и дека Русија во повеќе наврати побарала од Западот да изврши притисок врз Киев „да престане да го убива сопствениот народ“.

„Русија постојано му зборуваше на Западот за својата загриженост околу Украина, но не доби никакви одговори. Русија постојано повторуваше дека не се чувствуваме безбедно, дека се чувствуваме загрозени, но Западот не сакаше да ни даде какви било одговори“, порача портпаролот на Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ