среда, 1 април 2026

Русија: Ќе ги елиминираме војниците кои даваат отпор ако не се предадат

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека украинските војници се опкружени во фабриката за челик во градот, тие биле повикани „доброволно да го положат оружјето и да се предадат за да ги спасат своите животи“. Сепак, националистичкиот режим во Киев ги забрани преговорите за предавање, соопшти Министерството.

Министерството исто така тврди дека меѓу украинските војници има до 400 странски платеници кои им се придружиле на украинските сили заробени во фабриката за челик, меѓу кои како што се вели, Европејци и Канаѓани. „Во случај на понатамошен отпор, сите ќе бидат елиминирани“, се вели во соопштението.

Министерството за одбрана тврди дека во последните руски напади биле уништени десетици воени објекти во источна Украина. Ова вклучува складишта за гориво и муниција околу Северодоњецк и други градови во регионите Луганск и Доњецк, соопшти Министерството за обрана. Исто така се тврди дека рускиот систем за противвоздушна одбрана соборил 10 украински беспилотни летала во регионот на Донбас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ