четврток, 1 јануари 2026

Русија ја предупреди Британија дека ќе одговори „пропорционално“ на „провокациите“

Објавено на

часот

Сподели

Британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хипи претходно изјави дека е сосема легитимно Украина да ги напаѓа руските логистички линии и резервите гориво.

Тој призна дека оружјето што сега го обезбедува меѓународната заедница има потенцијал да се користи во Русија, пренесува Ројтерс.

„Сакаме да нагласиме дека доколку се остварат нападите на кои Лондон го повикува режимот во Киев, ќе дојде до наш непосреден пропорционален одговор“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Како што предупредивме, руските вооружени сили 24 часа на ден се подготвени да вршат високопрецизни напади со оружје со долг дострел врз центрите за одлучување во Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана, во најдиректната закана кон Британија досега, рече дека во случај на такви руски напади „нема да биде нужно проблем“ доколку во тие центри за одлучување во моментот се наоѓаат претставници на „одредени западни земји“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ