сабота, 6 декември 2025

Русија ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура: Илјадници луѓе без греење и струја

Десетици илјади луѓе во јужна Украина останаа без електрична енергија и греење по руските напади врз градот Херсон и најголемото украинско пристаниште Одеса во текот на ноќта, соопштија денеска локалните власти и една електроенергетска компанија. Со приближувањето на зимата, Русија нагло го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз енергетскиот сектор на Украина, оставајќи цели градови и региони без електрична енергија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украинската енергетска компанија ДТЕК соопшти денеска дека Русија го нападнала нејзиниот објект во јужниот регион Одеса преку ноќ, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 51.800 домаќинства. Гувернерот на регионот Херсон изјави дека електраната и топланата во градот Херсон престанале да работат по серијата руски напади, оставајќи 40.500 домаќинства без греење.

„Овој целосно цивилен објект, кој обезбедуваше греење за жителите на градот, претрпе сериозни штети: зградата и опремата на топланата беа оштетени“, рече гувернерот Олександр Прокудин на комуникациската платформа Телеграм.

„Терористите повторно водат војна против цивилното население“, додаде тој. Херсон е град на фронтовската линија и речиси секојдневно е цел на руски ракети, беспилотни летала и артилерија. Министерството за енергетика на Украина соопшти дека руските напади оставиле околу 60.000 жители на регионот Донецк, исто така на фронтовската линија, без електрична енергија, но не даде дополнителни детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ