недела, 22 февруари 2026

Русија ја нападна Украина со ракети: Погодена позната американска фабрика за колачи (ФОТО+ВИДЕО)

Русија со ракети нападна фабрика за американски колачи „Орео“ во Украина, но во тој напад немаше жртви, додека еден човек загина во бомбардирањето на предградие на Киев, пренесува Бета.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха објави дека Русија ја нападнала фабриката.

Сибиха изјави на Икс дека нема загинати, но дека фабриката за производство на колачи, која веќе еднаш беше нападната, вчера повторно беше оштетена, пренесува Ројтерс.

Фабриката во Тростјанец е во сопственост на американскиот прехранбен гигант Монделез.

„Кога руски ракети ќе погодат такви локации, тие не ја напаѓаат само Украина. Тие се насочени кон американските деловни интереси во Европа“, рече Сибиха.

Фабриката делумно беше повторно отворена во 2023 година по нападот една година претходно, а со производство продолжи во 2024 година.

Монделез се соочи со критики за продолжување на работењето во Русија за време на војната.

Во руски ракетен напад на предградието на Киев еден човек загина, соопшти денеска Украинската служба за вонредни ситуации.

Од урнатините на уништените згради извлечени се осум лица, вклучувајќи едно дете, додаде службата, пренесува агенцијата Ројтерс.

Нападот предизвика обемна штета на инфраструктурата и пожари во пет области во предградијата на Киев: Обухив, Бровари, Бориспиљ, Буча и Фастив.

Русија, исто така, ја погоди енергетската инфраструктура во регионот Одеса, каде што избувнаа неколку пожари кои подоцна беа изгаснати, додаде службата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ