понеделник, 8 декември 2025

Русија ја евакуира својата амбасада во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Со зголемувањето на тензиите на руската граница со Украина, Москва почна да ги отстранува своите дипломати и нивните семејства од својата амбасада во Киев и конзулатот во Лвов, тврди Њујорк тајмс, цитирајќи анонимни официјални лица.

Во текст објавен во понеделникот, весникот тврди дека 18 лица, главно деца и сопруги на руски дипломати, ја напуштиле Украина на 5 јануари. Уште 30 лица, наводно, заминале во две недели потоа, а на дипломати од два други руски конзулати (Харков и Одеса), наводно, им било кажано да се подготват да ја напуштат земјата.

Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека „руската амбасада во Киев работи нормално“, но не негираше дека го намалува персоналот.

Според Њујорк тајмс, официјални лица и од САД и од Украина потврдиле дека руските дипломати си заминале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ