вторник, 13 јануари 2026

Русија изврши силен ракетен напад врз Украина, загинаа четири лица, прекин на струја во Киев

Руските сили рано утринава го започнаа најинтензивниот бран ракетни напади врз Украина оваа годин, при што загинаа четири лица, десетици беа повредени, додека во Киев беа воведени итни прекини на струјата откако беше оштетена инфраструктурата, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот оператор на електричната мрежа „Укренерго“ објави дека во Киев се воведени итни прекини во снабдувањето со електрична енергија откако, според шефот на воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко, главниот град претходно бил цел на краток, но интензивен ракетен напад.

ДТЕК, приватна украинска енергетска компанија, соопшти дека рускиот напад сериозно оштетил опрема во една од нејзините термоцентрали.

Од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, Русија постојано го напаѓаше електроенергетскиот систем на Украина со ракети и беспилотни летала, со цел да го прекине снабдувањето со струја и греење во текот на зимата, додека на украинската воздушна одбрана ѝ е сè потешко да се справи со брановите напади.

Украинските канали на Телеграм кои ја следат ситуацијата соопштија дека околу 20 балистички ракети биле лансирани преку ноќ, во период од околу еден час, во она што го опишаа како најдолготраен напад оваа година. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.

Вооружените сили на Украина не коментираа веднаш за целосниот обем на нападот. Немаше коментар од Русија за овие напади.

Во Харков, град на 30 километри од руската граница и честа цел на Москва, регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека четири лица се убиени во напад на периферијата на градот.

Сињехубов додаде дека шест лица се повредени.

Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека нападот во Харков погодил поштенски терминал, уништувајќи згради и предизвикувајќи повеќе пожари на површина од околу 500 квадратни метри. Спасувачите извлекле 30 лица на безбедно, вклучувајќи две лица од под урнатините, се вели во соопштението.

Во јужниот пристанишен град Одеса, пет лица беа повредени во руски напад во текот на ноќта, соопшти службата. Пријавени се пожари во напуштена нова зграда, фитнес центар и средно стручно училиште.

Две лица се повредени во рускиот напад врз индустрискиот град Кривји Рог во централна Украина, во кој е оштетена цивилна инфраструктура, куќи и гасоводи, изјави регионалниот гувернер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ