Русија го присили воениот пакт предводен од Соединетите Американски Држави на преговори за регионалната безбедност поради тензиите околу Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот кажа дека САД и НАТО не ги уважиле главните безбедносни барања на Москва, но дека Русија е спремна да ги продолжи преговорите.
„Денес, преку министерството за надворешни работи, испраќаме официјално барање до нашите колеги во Алијансата, во кое ги повикуваме да објаснат како планираат да ја спроведат (нивната) обврска да не ја јакнат сопствената безбедност на сметка на безбедноста на другите“, кажа Лавров на државната телевизија.
„Ако не планираат тоа да го направат, тогаш нека објаснат зошто. Тоа ќе биде клучното прашање во одредувањето на нашите идни предлози, за што ќе го известиме претседателот Путин“, кажа Лавров.
Русија од Западот бара не само ветувања, туку и правно обврзувачки безбедносни гаранции „кои ќе ја осигураат безбедноста на целиот европски континент, со силно и еднакво уважување на легитимните интереси на Русија“, кажа Лавров.
Русија бара од НАТО да ги повлече своите сили и оружјето од Источна Европа и да не дозволи Украина некогаш да стане членка на западниот воен пакт.
Вашингтон и неговите сателити во НАТО ги отфрлија барањата, но тврдат дека се спремни да разговараат на други теми како контрола на вооружувањето и начините за изградба на доверба.






