понеделник, 30 март 2026

Русија и Украина се договорија за цивилни хуманитарни коридори и можен привремен прекин на огнот

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека не ги постигнале резултатите што ги очекувале.

Украинскиот претставник изјави дека е постигнат договор за обезбедување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, како и дека договорот вклучува можен привремен прекин на огнот за време на евакуацијата, пренесува британската агенција.

„Страните постигнаа разбирање за заедничко воспоставување хуманитарни коридори со привремен прекин на огнот. Русија и Украина наскоро ќе создадат канали за комуникација и соработка за да ги организираат овие коридори“, рече помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

Шефот на руската делегација Владимир Медински го потврди развојот на настаните, наведувајќи дека двете страни го решиле „главното прашање“ за спасување на животите на цивилите. Преговарачите, исто така, нашле заеднички јазик за други отворени прашања, имено воените и хуманитарните прашања и идното политичко помирување, додаде тој.

Тој исто така рече дека се договориле за можен прекин на огнот во областите каде што има хуманитарни коридори за цивили. Тој оцени дека тоа претставува значителен напредок, пренесува британската агенција.

Украинската страна рече дека сепак не ги постигнала резултатите што ги очекувала од преговорите.

Советникот на украинскиот претседател изјави дека следната рунда преговори со руската делегација ќе се одржи во почетокот на следната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ