понеделник, 30 март 2026

Русија и САД во Советот за безбедност се караа кој има биолошко оружје

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја кажа дека руските сили утврдиле дека имало обиди да се отстранат доказите за постоење биолошко оружје во Украина.

Небензја кажа дека руските сили нашле докази за мрежа од „најмалку 30“ истражувачки лаборатории за биолошко оружје кои имале за цел ширење на неколку „смртоносни болести“.

Кажа дека на тие локации се потврдени „многу опасни биолошки експерименти“ во координација со САД.

САД оценија дека руските обвинувања се „смешни“ и порачаа дека Русија би можела да ги искористи за да го оправда сопственото потенцијално користење слично оружје во Украина.

Американската амбасадорка во ОН Линда Томас Гринфилд обвини дека руските тврдења се основа за можна акција под лажен изговор.

Повторувајќи го ставот на Вашингтон дека во Украина нема програма за развој на биолошко оружје ниту такви лаборатории кои ги финансираат САД, Гринфилд предупреди дека Русија е таа која би можела да употреби биолошко оружје во Украина.

Иако не изнесе докази дека постои таква непосредна закана, таа кажа: „Русија знае лажно да обвинува други земји токму за оние кршења кои таа ги прави“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ