Москва бара Западот да ѝ даде безбедносни гаранции, вклучувајќи и сопирање на ширењето на НАТО и официјално вето за Украина, поранешната советска република, кога било да се приклучи на воениот пакт.
„Планираме да ги почнеме вежбите во февруари. Одредете точен датум и информирајте нè, за да не нè обвинуваат дека од ведро небо сме собрале некои сили, како да се подготвуваме за војна“, му кажа Лукашенко на министерот за одбрана.
Белорускиот претседател, кој е изолиран од Западот по протестите во 2020 и мигрантската криза со ЕУ, кажа дека вежбите ќе се одржат на јужните и западните граници на Белорусија, Поранешната советска република со 9,5 милиони жители која Москва ја гледа како тампон-држава кон Западот и НАТО, граничи со Украина на југ и Полска и Литванија, членки на НАТО, на запад.
Лукашенко ја обвини Украина за трупање сили во близина на Белорусија. Кажа и дека Полска и балтичките земји имаат повеќе од 30.000 војници во близина на белоруските граници.
Кремљ посебно соопшти дека извештаите дека Естонија е спремна да прими до 5.000 војници на НАТО покажуваат дека Москва била во право што била загрижена.






