недела, 29 март 2026

Русија го затвора воздушниот простор за британските авиони

Објавено на

часот

Сподели

Русија го ограничи пристапот до нејзиниот воздушен простор на сите авиони „во сопственост, изнајмени или управувани од кое било лице поврзано со Британија или регистрирано во Британија“, објавија денеска руските регулатори за воздушниот сообраќај.

Ограничувањето стапи во сила утрово и ги вклучува и транзитните летови низ рускиот воздушен простор, соопшти Росавијација. Забраната е одговор на сличните „непријателски одлуки“ на британското раководство, рече регулаторот.

Велика Британија во четвртокот му забрани на рускиот авиопревозник Аерофлот да лета низ нејзиниот воздушен простор. Тоа беше дел од пакетот санкции воведени за да се казни Русија за нејзиниот воен напад врз Украина претходно истиот ден.

Росавијација соопшти дека се обидела да изврши консултации со Британија за потегот, но барањето било одбиено, што довело до одлуката на Русија да возврати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ