понеделник, 15 декември 2025

Русија: Го освоивме Часив Јар (ВИДЕО)

Русија денес објави дека го освои градот Часив Јар во источна Украина по речиси 16 месеци борби, објави Ројтерс.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Доколку се потврди, напредувањето би било значајно достигнување за руските сили и би можело да им овозможи да се движат кон клучните „утврдени“ градови во регионот Донецк, вклучувајќи ги Костјантинивка, Славјанск и Краматорск.

Главниот штаб на украинската војска утрово објави дека руските сили нападнале позиции во близина на Часив Јар. Според Дипстејт, украинска отворена платформа што го следи бојното поле, украинските сили сè уште го контролираат западниот дел од градот.

Битката за Часив Јар започна во април минатата година, кога руски падобранци пристигнаа на неговиот источен крај. Во тоа време, руските државни медиуми објавија дека руските војници почнале да ги повикуваат украинските противници во градот, барајќи да се предадат или им се заканувале дека ќе ги уништат со наведувани воздушни бомби.

Градот, кој сега е во урнатини, имал повеќе од 12.000 жители пред војната, а економијата се базирала на фабрика за армирано-бетонски производи и глина за производство на тули. Се наоѓа западно од Бахмут, кој беше освоен од Русија во 2023 година по една од најкрвавите битки во војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ