Русија ќе го ограничи пристапот до Фејсбук почнувајќи од 25 февруари, соопшти денеска медиумскиот регулатор Роскомнадзор, повикувајќи се на одлука на обвинителството.
Москва го обвинува американскиот технолошки гигант Мета за кршење на „фундаменталните човекови права“ со воведувањето мерки за руски профили, меѓу кои и профили на медиумите поврзани со Кремљ.






