среда, 1 април 2026

Русија го обвинува Црвениот крст што конвојот не стигнал во Мариупол

Објавено на

часот

Сподели

Конвојот на Црвениот крст во петокот се упати кон Мариупол, но бидејќи не можеше да продолжи, се врати и најави нов обид за саботата.

Генерал полковникот Михаил Мизинцев, директор на Рускиот национален одбранбен центар, изјави дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст се покажал неспособен да се подготви за евакуација на цивили. Поради Црвениот крст, конвоите тргнаа многу доцна на 1 и 2 април и не можеа да пристигнат навреме во Мариупол, вели Москва.

Работниците на Црвениот крст непланирано го запирале конвојот по пат, а некои возила се расипале, па морале да се вратат, вели Мизинчев. Црвениот крст не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Украинската влада во саботата објави дека илјадници луѓе успеале да излезат од градовите во кои се води војната. Вкупно 765 цивили го напуштиле Мариупол со свои возила, објави на Телеграм вицепремиерката Ирина Верешчук.

Речиси 500 луѓе успеаја да излезат од градот Бердјанск, рече таа, додавајќи дека на сите дестинацијата им е Запорожје. Десет автобуси тргнаа од Бердјанск, а евакуацијата ќе продолжи во недела, изјави Верешчук, а пренесе германската агенција дпа.

Жителите во саботата успеаја да побегнат и од градовите Северодоњецк и Лисичанск во областа Луганск, рече Верешчук, додавајќи „Продолжуваме да работиме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ