четврток, 19 март 2026

Русија го обвини Израел за намерен напад на руски новинари (ВИДЕО)

Русија ги обвини Израелците за напад со намера на новинарска екипа на руската државна телевизија РТ која известувала од јужен Либан, при што биле повредени новинарот и снимателот.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„На облеката на екипата пишуваше „печат“, тие носеа само камери и микрофони… Сите овие околности укажуваат дека нападот врз новинарите бил намерен и насочен“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Израелската војска соопшти дека новинарската екипа работела во област каде што е издадена наредба за евакуација. „Никогаш не сме нападнале и никогаш нема намерно да нападнеме новинари“, додаде израелската војска.

На социјалните мрежи се прошири видео што го покажуваат моментот на нападот. Експлозијата се случила само неколку метри од местото каде што стоел новинарот на РТ. Само неколку моменти пред експлозијата, тој се поместил неколку чекори напред бидејќи слушнал бучава.

Државната телевизија РТ подоцна објави дека шефот на бирото во Либан, Стив Свини, и еден снимател биле полесно повредени во нападот. „Луѓе, добро сме. Се испостави дека можете да ја слушнете ракетата додека доаѓа кон вас“, рече снимателот Али Рида.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ