„Противвоздушната одбрана на украинските вооружени сили е потисната“, ја цитира агенцијата Интерфакс изјавата на министерството. Воената инфраструктура на воздушните бази на украинските вооружени сили е оневозможена.
Руското министерство ги демантираше информациите дека еден од нивните авиони бил соборен над Украина.
„Информациите во странските медиуми за наводното соборување на рускиот авион не се точни.“
Украинската армија претходно соопшти дека пет руски авиони и еден хеликоптер биле соборени над областа Луганск.
Според украински извори, земјата денеска е изложена на постојани сајбер-напади од Русија.
Украина претходно ги ограничи цивилните летови во нејзиниот воздушен простор неколку часа откако предупреди дека авиокомпаниите треба да ги прекинат летовите поради опасност од случајни несреќи или сајбер-напади.






