среда, 7 јануари 2026

Русија ги ракетираше Харков и Дњепар, погодена е американска компанија (ВИДЕО)

Русија изврши пет ракетни напади врз вториот по големина украински град Харков, при што беше оштетена енергетската инфраструктура, додека во нападот врз југоисточниот град Дњепар, руските сили го погодија погонот на американската земјоделска компанија „Бунге“, соопштија украинските власти.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека рускиот напад врз Дњепар предизвикал истекување на сончогледово масло од објект на американска компанија, нагласувајќи дека ова покажува како руските сили ги напаѓаат американските компании.

Рускиот претседател Владимир Путин, додаде Сибиха, „целосно ги игнорира“ напорите предводени од САД за решавање на речиси четиригодишната војна.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека нападите врз неговиот град „не биле само напад врз објекти. Тоа е напад врз греењето, врз водата, врз нормалниот живот на луѓето. Тие се обидуваат да нè скршат со страв и темнина“.

Терехов не даде детали за нападнатите цели.

Канцеларијата на регионалниот обвинител на Харков соопшти дека во нападот е повреден најмалку еден цивил.

Во Дњепар, напад врз фабриката Бунге предизвика истекување на околу 300 метрички тони сончогледово масло, изјави градоначалникот Борис Филатов.

„Вработените во комуналните услуги го чистат местото, расфрлаат песок и чакал“, напиша Филатов на Телеграм, додавајќи дека главната речна рута ќе биде затворена два до три дена поради излевањето.

Портпаролката на „Бунге“, Кристи Диксон, изјави дека компанијата ја проценува штетата во фабриката во Дњепарк и соработува со локалните власти за ублажување на последиците од нападот. Таа додаде дека нема повредени во објектот и дека компанијата е фокусирана на безбедноста на вработените и закрепнувањето на бизнисот.

Министерот Сибиха, исто така, напиша на мрежата Икс дека овој „напад не бил грешка, туку намерен, бидејќи Русите постојано се обидувале да го нападнат објектот. Русија систематски ги напаѓа американските компании во Украина“.

Од Москва немаше коментар за нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ