Бројот на дневни случаи на инфекција се зголемува од јануари, но мошне заразната варијанта на омикрон не доведе до значително зголемување на смртноста, а Кремљ неодамна ја отфрли можноста за целосно затворање.
Според најновата одредба, луѓето што биле во контакт со лица заразени со ковид-19 од денеска повеќе нема да мора да бидат во самоизолација.
Во Москва, училиштата и градинките би можеле да ја укинат изолацијата за децата од следната недела, соопшти градската работна група за коронавирусот.
Претходно оваа недела, Ана Попова, директорка на федералната служба, рече дека некои од ограничувањата повеќе немаат смисла бидејќи варијантата омикрон се шири премногу брзо.
До 20 отсто од заразените во Русија и 40 отсто од луѓето во Москва немаат никакви симптоми.
Наредбата за укинување на карантинот доаѓа во време кога бројот на нови дневни случаи на инфекција во Русија во саботата скокна на 177.282 од 168.201 регистрирани претходниот ден.
Пред еден месец, во Русија имаше помалку од 16.000 нови случаи дневно, соопшти владината работна група за коронавирусот.
Во последните 24 часа, во Русија има 714 смртни случаи, што е помалку од рекордниот број од 1.200 смртни случаи регистрирани во еден ден во ноември.






